АУРА-Козметика со ВРВЕН Квалитет по светски стандарди!| МИА-Мое катче за нега и убавина.мк

Производството на козметиката е најдинамично во светот. Тоа има за задача да ги обедини и следи иновациите и промените во модните трендови, науката, знаењето, технологијата, естетиката, пред се квалитетот и на тој начин да го привлече вниманието и  интересот на потрошувачот.

Токму затоа, секојдневниот стремеж кон создавање производи со одличен, врвен квалитет по светски стандард  е повеќе од совршено исполнета мисија на компанијата АУРА.

11892239_955792151110321_4818210012273067978_n
АУРА Absolute MATTE-Мат кремаст кармин за усни

Основана во 1996-та година, со седиште во Ниш-Србија, веќе 21 година по ред е синоним за компанија за производство и продажба на козметички производи изработени од најквалитетни суровини за што сведочат многубројните соработки со светските лидери во сферата на козметиката. Во чекор со најновите технолошки иновации, трендови на бои во козметиката како и во дизајнот на самите производи, АУРА е компанија која успешно, уште со првиот обид, ја стекна довербата на секој клиент со производството на секој АУРА производ со што е можно највисок квалитет, со своја визија, мисија и политика на квалитет.

17861555_1395431487146383_6007406495626027098_n
АУРА Amazingly Resistant -Лак за нокти

Основач е на АУРА Груп-Преставништво во Македонија, а на наше и Ваше огромно задоволство сега имаме можност заедно, сплотени да ја продолжиме визијата за значаен напредок на пазарот, себе-надминување и надминување на директната конкуренција со што поголем квалитет, врвен дизајн и супер ценанакратко да биде синоним за козметика во Балканскиот регион; мисијата за постигнување врвен квалитет во трговската дејност со топол, пријателски пристап кон клиентите, љубезност, професионализам, лична гордост и кооперативен дух.

 АУРА  нуди богат спектар на производи како:

-Течни пудри со заштитен фактор;

-Мат трајни кармини,

-Лакови за нокти;

-Професионални четки за шминкање;

-EXPLICIT боја за коса;

-VELVETON професионална боја за коса;

-Вештачки трепки од природни влакна;

-Моливи за веѓи;

-Маскари за волумен, за виткање и дефиниција на трепките;

-Маслен отстранувач на лак за нокти;

-Бланш;

Ова е само мал дел од широкиот асортиман на производи кои АУРА ги нуди а сепак повеќе од доволен поттик,  за соработка со истоимената компанија.

Take care of ME_COSMO
АУРА Take Care of ME! –Течна пудра со заштитен фактор

 

Од денес, 25.04. 2017 година, со особена чест и задоволство Ви соопштуваме соработка со компанијата АУРА и продажба на производите во Миа-Мое катче за нега и убавина.мк

За повеќе детали за производите, информации и супер изненадувања следете не на:

Официјална страна на АУРА: https://www.facebook.com/auramakedonija/

Официјална страна на Миа-Мое катче за нега и убавина.мк: https://www.facebook.com/miamoekatcezaubavinacom/

ИЗНЕНАДИ СЕ СЕКОЈ ПАТ!!!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s